Ноќеска беше многу жешко во НБА лигата во Кливленд, каде домашната екипа на крајот го совлада Мемфис Гризлис со 128:113. Сепак, мечот го одбележа она што се случи во третата четвртина во која се степаа Донован Мичел и Дилон Брукс, а во тепачката се вклучија и други играчи, но за среќа ситуацијата брзо се смири.
На помалку од шест минути до крајот на третата четвртина Брукс и Мичел започна тепачка. Со заостанување на Гризлис со 76-81, Брукс тргна кон кошот, но неговиот обид беше успешно блокиран од Мичел со помош на Еван Мобли.
Donovan Mitchell and Dillon Brooks tussle in Cleveland 👊
🎥 @BleacherReport pic.twitter.com/z5le7GOYt2
— The Athletic (@TheAthletic) February 3, 2023
Мичел потоа ја зеде топката и се обиде да истрча на спротивната страна од теренот, но Брукс го удри во меѓуножјето.
Кошаркарот на Кливленд ја фрли топката кон противничкиот кошаркар кој се уште лежеше на подот, а потоа целосно ги загуби нервите и скокна врз Брукс, по што експлодираше целиот терен.
За среќа, страстите брзо згаснаа, Брукс доби два неспортски прекршоци поради пречење и предвреме го заврши натпреварот, додека Мичел од друга страна заработи техничка грешка и исто така беше исфрлен.
Nah no way dillon brooks didn’t mean to hit Donovan Mitchell 💀 dirtiest player in the league pic.twitter.com/q28o6ndA3i
— John (@iam_johnw) February 3, 2023
-Беше евтин удар, но таков е тој. Навикнати сме од него во оваа лига, имавме тепачки пред неколку години. Сите играчи знаат каков е, мора да се заштитите. Мило ми е што моите соиграчи дојдоа овде денес да помогнат, тие ми го чуваа грбот и лигата треба да преземе акција во таа насока, изјави Мичел по натпреварот, додавајќи уште малку масло на огнот.