Арсовска со поддршка на СДС, Левица и ДУИ поставува директори кои ги користат позициите за испумпување на милиони преку тендери.
Само 4 дена откако Марјанчо Митовски е поставен за директор на ЈП Водовод и канализација од страна на Данела Арсовска, во Централниот регистар е регистрирана фирмата „Кликмедиа 101“, оваа фирма ќе се јави како добитник на тендерот на ова јавно претпријатие за одржување на системот за електронска наплата кој го користат над 50 илјади граѓани.
Директорот на Арсовска распишал јавен повик за избор на фирма која ќе го одржува електронскиот систем за наплата, кој го користат над 50 илјади граѓани, без да стави услови кои ќе гарантираат дека фирмите кои ќе се јават, ќе имаа искуство и капацитет да одржуваат толку гломазен систем.
Над 1 милион денари тендер, и одговорност за одржување на систем кој опслужува 50 илјади граѓани се дадени на фирма која нема ниту еден друг проект, ниту искуство од областа.
Имено директорот на Арсовска потпишал договор со фирмата „Кликмедиа 101“, која, иако 2 месеци стара и без референтна листа ќе го одржува системот за електронска наплата. Уште посимптоматично е што во постапката се декласирани големи фирми, кои со години работат на софтверски решенија за државни институции, но и приватни компании.
Кој е критериумот по кој е избрана фирмата која треба да врши одржување на системот, и како е дозволено фирма која нема никакво искуство од областа воопшто да учествува на јавниот повик?
Арсовска должи одговори или и овој тендер е по шемата на набавката на дизел гориво за ЈСП, каде се склучи милионски договор без рабат?