Предупредувачки протест пред ресорното министерство во Загреб беше организиран од Синдикатот на медицинските сестри и здравствените работници денеска поради лошите услови за работа и непочитувањето на колективните договори. Хрватскиот стручен синдикат на медицински сестри и медицински техничари и Самостојниот синдикат за здравствена и социјална заштита организираа мирен собир и најавија можност за штрајк доколку управата продолжи да ги игнорира нивните барања, еднострано да носи одлуки и да не ги почитува нивните права.
„Ќе има штрајк доколку продолжи овој молк на Министерството“, изјави Аница Прашњак, претседател на Главниот совет на синдикатот на медицински сестри и техничари, каде има 10.600 членови. Таа особено го нагласи нерешавањето на проблемот со недостигот на медицински сестри, од кои само во Дубровник има недостиг од 375 медицински сестри.
Синдикатите посочуваат дека со месеци се обидуваат да иницираат преговори за нов колективен договор и дека проблемите од стариот колективен договор се уште не се решени, пренесуваат хрватските медиуми.