Со цел да се спречи учество на претстојните избори во Грција на партии кои произлегуваат од неонацистичката Златна зора, осудена за криминална организација, грчката Влада достави конкретен амандман, објавија медиумите.
Според истите информации, со амандманот се очекува да се блокира учеството на партијата на поранешниот пратеник од Златна Зора Илиас Касидиарис, кој издржува затворска казна.
Најавите се дека амандманот ќе биде ставен на гласање следната седмица и се очекува да добие поддршка и од опозициските партии.