Бразилскиот фудбалер Дани Алвеш ја одбил средбата со сопругата Јоана Санс во затворот во Барселона, пишува „Марка“. Дефанзивецот беше уапсен во Барселона, откако беше обвинет за сексуално насилство. Бразилецот е зад решетки без право на кауција.
Неколку дена по апсењето и објавените информации во печатот, Јоана Санс побара развод од Дани Алвеш.
Бразилецот ја одбил поканата да се сретне со сопругата со изговор дека е јасно што бара. Веднаш потоа, сепак, фудбалерот имал телефонски разговор со Јоана, кој траел релативно кусо.
Алвеш споделил дека многу ја сака и дека не сака нивната врска да заврши со развод.