Македонскиот полициски синдикат како единствен репрезентативен синдикат во Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за Разузнавање,
Агенцијата за Национална безбедност и Управата за финансиска полиција во пресрет на чествувањето на 4 Февруари, денот на раѓањето на великанот Гоце Делчев, со обраќање до своето членство.
„Секојдневно покажувате на дело како се сака татковината и како се извршува службата што Ви ја доверила истата.
Исправени гордо пред браникот на нашата држава ја манифестирате Вашата човечност и саможртва оставајќи пример за идните генерации, пример за тоа како се сака и почитува својата татковина во време на бројни предизвици со кои секојдневно се соочувате, во минатото но и денес.
Токму од таа причина, како единствен репрезентативен синдикат кој се грижи за своето членство сакаме да Ви укажеме доследно да ги извршувате своите работи и работни задачи согласно законската регулатива на Република Северна Македонија. Да не се ставате во функција на
политичките партии и други групации заради вршење на кривични дела и прекршоци, да не го нарушувате угледот на институцијата во која работите и да се воздржите од какви било провокации на активисти на политичките партии и други групации“, велат од овој синдикат.
Додаваат дека само со професионален пристап и професионално работење ќе се подобри интегритетот на вработените во безбедносните служби и ќе се зајакне довербата на граѓаните која тие ја имаат како за вработените во Министерството за внатрешни работи така и за вработените во Агенцијата за Разузнавање, Агенцијата за Национална безбедност и Управата за Финасиска полиција.
„Безбедносните служби мораат да бидат надвор од партиските или било какви други влијанија, затоа што само деполитизирани безбедносни служби можат да гарантираат безбедност , правна држава и непристрасно спроведување на законите за сите. Истовремено ги повикуваме политичките партии и нивните локални преставници како и сите други радикални групации да не ги заплашуваат нашите членови и воопшто сите вработени во безбедносните служби, бидејќи времето на закани и уцени е едно минато време и никој повеќе неможе даги заплашува преставниците на синдикатот и безбедносните служби“ се додава во соопштението.
Ги охрабруваме сите наши членови, велат од таму, да ги пријават сите вербални притисоци врз нив, и да не потклекуваат на било какви притисоци од билокого.