Поранешниот тренер на Вардар, Македонија ЃП и Брегалница, Илчо Ѓорѓиоски ќе биде тренер на грчкиот второлигаш Каламата, пишува „Mikriliga“. Екс-претседателот на ФФМ презема тим кој моментално е на седмата позиција во Б групата на втората грчка лига со скор од 5 победи, 4 нерешени и 3 порази.
Изворот пишува дека Георгиевски веќе е во Грција и се чека официјализација на договорот по што ќе го преземе тимот.