Неспособните локални власти на ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски со задолжувања на општините на грбот на граѓаните товарат милионски долгови.
Иако пред година и половина наследија полни општински каси, градоначалниците на Аеродром, Бутел, Гази Баба, Прилеп преку обврзници ќе ги задолжат своите граѓани за над 16 милиони евра.
Општинските обврзници може да ги купи секој, па и големи компании, а тоа носи ризик од влијанија врз работата и одлуките на градоначалниците и Советите.
Не е познато за што ќе ги трошат парите, колку време ќе се отпаќаат долговите и колкави се каматните стапки.
Ова е продолжение на добро познатата пракса на ВМРО-ДПМНЕ за скапи и нетранспарентни задолжувања, која прави голема штета за општините и граѓаните.
Граѓаните им ја дадоа довербата да ги решаваат нивните проблеми и да ги реализираат ветувањата, а добија долгови што ќе ги исплаќаат со години, поскапи комунални услуги, нефункционални и партизирани општини.
Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се покажаа како најнеспособни и најнекомпетентни досега.