„Никој не смее да го навредува македонскиот народ, граѓаните на Северна Македонија и државата. МВР е подготвено да забрани влез во државата на секој кој нема да го почитува достоинството на државата и народот“ рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во „360 степени“ на Алсат М.
Тој додаде дека повеќето навреди минатиов месец доаѓаат од надвор и повика на национално единствно и сплотеност за зачувување на нашиот идентитет, народ, јазик, култура и традиција.
„Државата нема да дозволи некој на било кој начин да го навредува македонскиот народ и македонската држава. Ако е чествување, тогаш нека биде достоинствено“ рече Спасовски.
Министерот додаде дека е ирелеватно дали Џамбаски ќе доаѓа или некој друг, туку е важно тој што сака да влезе во државата мора да ги почитува македонскиот народ и македонската држава.