Украина е подготвена да се обврзе да не го користи оружјето со долг дострел што го побара од Запад за напади на руска територија. Исклучок се новите руски региони, кои Киев сè уште ги смета за своја територија, изјави украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников.
Говорејќи на заедничката прес-конференција на украинската влада и Европската комисија во Киев, Резников рече дека вооружените сили на Украина бараат оружје со дострел до 300 километри, пренесува Тасс.
„ Украина е подготвена да обезбеди секакви гаранции дека западното оружје нема да се користи за напади на руска територија. Имаме доволно цели во привремено окупираните украински области и подготвени сме да ги координираме метите со нашите партнери“, рече министерот.
САД подготвуваат уште еден пакет воена помош од 2,2 милијарди долари за Украина, кој за првпат ќе вклучува оружје со поголем дострел.