Поради дефект на шибер Ф-150 мм на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ бб, кај бугарска Амбасада во населба Центар, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улиците „Митрополит Теодосиј Гологанов“, „Златко Шнајдер“ и „Коле Неделковски“.
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 13:00 часот до санирање на дефектот.