Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски на својата официјална страна на фејсбук го промовираше проектот “Твој службеник”.
„Воведен проектот “Твој службеник” во работата на администрацијата. Проектот „Твој службеник” има за цел да ги открие проблемите на граѓаните од терен и потоа да ги решава во рамките на општината.
Општината е институција која е сервис на граѓаните и работи во нивен интерес. Идејата е граѓаните да може лесно и брзо да дојдат до решавање на проблемите со кои се соочуваат секојдневно.
Со реализирање на овој проект се олеснува начинот граѓаните да го пријават својот проблем и за истиот да добијат решение. Проектот „Твој службеник” ќе се реализира на следниот начин:
Техничките секретари во Месните и Урбаните заедници три дена во неделата ќе бидат присутни во Месните и Урбаните заедници со цел евидентирање на проблемите на граѓаните, а два дена од неделата ќе бидат во општината со цел решавање на проблемите.
Ги повикувам граѓаните да ја користат оваа можностГраѓаните на прво место,напиша Стефковски.