Лионел Меси одговори на прашањето дали ќе игра на следниот Мундијал. Тој за аргентинскиот медиум „Оле“ призна дека ќе биде тешко да игра на врвно ниво и по неколку години, но, сепак, ја остави вратата малку отворена.
„Сè уште не знам, сега не можам да одговорам. Отсекогаш сум велел дека ми се чини дека ќе биде многу тешко да одам на следниот Мундијал поради мојата возраст. Сакам да играм фудбал, го сакам тоа што го работам и се додека сум фит и чувствувам дека сум добро и сè уште уживам, ќе го правам тоа. Но, не сакам да ги брзам работите. Ми се чини дека ќе биде тешко поради годините и времето. Наскоро ќе наполнам 36 години, ќе видам како ќе се одвива мојата кариера и ќе одлучам што понатаму“, изјави напаѓачот на ПСЖ и светски шампион со Аргентина.