Бугарскиот вицепремиер задолжен за јавен ред и безбедност и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев утре во Скопје ќе ја предводи делегацијата на источниот сосед која ќе простигне да оддаде почит на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“. На утрешното чествување во Скопје ќе биде одбележана 151-вата година од раѓањето на македонскиот револуционер, Делчев.
Министерот за внатрешни работи на Бугарија, Дермеџиев како што соопшти БТА ќе биде придружуван од неговиот заменик Венцислав Катинов.