„Го немам видено предлог-законот, но според самиот наслов предлог-закон за амнестија на лицата осудени за 27 април јас сум апсолитно против“ изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во „360 степени“ на Алсат М.
Тој додаде дека неказнивоста може да предизвика нови проблеми, како што се случи по неказнивоста за исфрлањето на пратениците и новинарите од Собранието во 2012 година.
„Има амнестирани за 27 април, но тие кои го извршија кривичното дело и го направија упадот и оние кои пробаа да убијат пратеници во тој момент сносат санкции. Не треба воопшто да биде доведено во прашање одговорноста на овие лица“ рече Спасовски.
Министерот рече дека со амнестија на осуденти ќе биде пратен сигнал дека некој може да влезе во Собранието и да убие пратеници за лични цели.