Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс изјави дека следните шест месеци ќе бидат „критични“ за војната во Украина и оти верува дека рускиот претседател Владимир Путин смета на намалениот интерес на Западот за војната во Украина и „политичкиот замор“ во него и даваат на армијата нова шанса да напредува на бојното поле.
Поранешниот заменик државен секретар Барнс го изјави ова вчера, говорејќи на Универзитетот Џорџтаун и додаде дека западните разузнавачки служби покажале дека Москва не е заинтересирана за мировни преговори, иако од време на време има индиции за спротивното од Русија, пренесува Си-Би-Ес Њуз.
„Ние не мислиме дека Путин е сериозен кога зборува за преговори, и покрај тоа што понекогаш го слушаме за тоа“, рече Барнс, пренесе Танјуг.