Македонија денеска одбележува 151 година од раѓањето на револуционерот Гоце Делечев. По последните тензии меѓу Скопје и Софија, и најавата за доаѓањето на 40-тина Бугари на денешниот ден пред платото на црквата Св.Спас има големо полициско обезбедување.
Не е дозволено да помине никој кој претходно не е акредитиран, и не се дозволува да се помине безбедносниот кордон.
Македонска државна делегација положува свежо цвеќе на гробот на великанот и револуционер Гоце Делчев по повод 151 година од неговото раѓање во с. Кукуш.
Собраниска делегација прва ќе положи цвеќе на гробот во црквата Св. Спас, по што следуваат претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и министрите.
Бугарската официјална владина делегација ја предводи министерот за внатрешни работи Иван Демерџиев.
Фото: Слободан Ѓуриќ