Близу два часа не е функција системот на граничниот премин меѓу Македонија и Бугарија, Деве Баир и има застој за влез во земјава.
Дел од бугарските граѓани тргнати да оддадат почит на великанот Гоце Делчев стојат заглавени во колона на граничниот премин.
Бугарските здруженија најавија дека околу 150 граѓани со автомобили ќе дојдат да оддадат почит.
Чествувањето по повод 151 година од раѓањето на Гоце Делчев почна и без официјаните бугарски делегации.
Македонскиот државен врв се поклони на гробот на Гоце Делчев, а на пат кон црквата е лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски со голема делегација.