Во колона со полициска придружба Бугарите од граница тргнаа кон Скопје

Членовите на бугарските здруженија и граѓаните кои сакаат да се поклонат на гробот на Гоце Делев на 151-годишнината од неговото раѓање, тргнаа кон Скопје по неколкучасовен застој на македонско – бугарската граница.

Полицијата ги нареди во колона возилата кои до гробот на Гоце Делчев во црквата Св. Спас во Скопје мора да се движат строго со полициска придружба.

Граничните власти велат дека сите возила во кои се превезуваат граѓаните кои ќе одат на гробот на Гоце Делчев биле детално претресени.

Официјалната бугарска делегација, пак, која веќе е во Скопје, најави дека ќе чека да пристигне колоната од граница за заедно да влезат во црквата Св. Спас.

Треба да знаете
Последни објави