Помпео: Путин немаше да ја нападне Украина ако Трамп сè уште беше претседател

Поранешниот американски државен секретар Мајк Помпео утринава во интервју за Би-Би-Си изјави дека Путин немаше да ја нападне Украина доколку Доналд Трамп се уште беше претседател, пишува Гардијан.

„Ние знаеме како да ги одвратиме нашите противници. Искрено, администрацијата на Трамп го стори тоа. За време на нашиот мандат, Путин не ја нападна Европа или Украина. Да, тоа е неиспровоциран напад врз Европа. Путин е единствениот одговорен за тоа. Но, овие работи не се случуваат во вакуум“, рече Помпео.

“Непријателите одлучуваат кога да нападнат. Владимир Путин секогаш сакал поголема Русија. Тој ќе оди на својот гроб сакајќи поголема Русија. Еве неколку факти, во 2014 година, за време на Обама, Путин зеде петтина од Украина. Потоа четири години тој не зеде ни педа, се бореше покрај Донбас, но не започна инвазија“, додаде тој.

„Кога заминавме, тој повторно тргна во акција. Тоа е несомнено, тоа се фактите. Може да се расправате дали е случајно, но Путин не се промени во тој период. Неговите намери беа исти. Она што се промени е неговата перцепција за ризикот и тоа се менува во зависност од претседателот“, заклучи Помпео,пренесе Индекс.хр.

Треба да знаете
Последни објави