Дури пет кошаркари на Минесота тимбервулс и на Орландо меџик се исклучени поради тепачка која се случи кон крајот на третата четвртина. Ова е втор инцидент во НБА за две вечери откако претходно имаше жестока тепачка меу ѕвездите на Кливленд кавалирс и Мемфис Гризлис, Митчел и Брукс.
Тепачката ја започнаа бекот на Минесота, Остин Риверс, и центарот на Орландо, Мо Бамба и тоа пред клупата на Магичните, по што се вклучија и останатите играчи.
Риверс, Мекданиелс и Принс беа исклучени од редовите на Минесота, додека од Орландо предвреме во соблекувалната беа испратени Бамба и Џејлен Сагс.
Главна причина за тепачката која ја иницира Риверс беа тешките зборови кои паднаа откако играчот на Минесота го промаши шутот за три поени.
The Target Center Tussle 👀#RaisedByWolves | #NBA pic.twitter.com/7DPJwnELgS
— Bally Sports North (@BallySportsNOR) February 4, 2023
На крајот, победата им припадна на кошаркарите на Орландо кои славеа со 127:120, а најдобар во победничкиот тим беше Антони Кол со 20 поени. На спротивната страна најпрецизен беше Деанџело Расел со 29 поени и 10 скока.
Во дербито на вечерта, Феникс санс како гости го победија најдобриот тим на Истокот, Бостон селтикс со 106:94. Во отсуство на Девин Букер, реализаторската улога кај Сонцата ја презеде Микал Бриџис кој даде 25 поени, додека кај Бостон Џејлен Браун уфрли 27 поени.
Одлична вечер имаше Џоел Ембид кој со 33 поени и 10 скока ја предводеше Филаделфија до победа од 127:125 над Сан Антонио спарс.
Резултати: Детроит – Шарлот 118:112, Индијана Сакраменто 104:107, Вашингтон – Портланд 116:124, Бостон – Феникс 94:106, Хјустон – Торонто 111:117, Минесота – Орландо 120:127, Сан Антонио – Филаделфија 125:137, Јута – Атланта 108:115.