Стартапот „Colossal Biosciences“ со седиште во Далас, тврди дека се приближиле до оживување на доидо, птица која изумрела во 17 век, затоа што успеале да го дешифрираат геномот. Порано наведоа дека планираат повторно да го створат тасманискиот волк и волнениот мамут.
Но, стартапот има уште многу пред да ја воскреснат додо. Научниците не можат повторно да створат живот од нула, туку ќе мора да смислат начин на кој специфичните гени за прицата додо ќе ги стават во ембрион на веќе постоечко животно, пишува „Бизнис инсајдер“.
„Следниот чекор е да се споредат генетските информации со гените на тесно поврзани птици како што се гулабот Никобар и осаменикот Родригез за да се открие точно кои мутации на додо создаваат додо“, изјави Бет Шапиро, водечки генетичар на проектот, за Си-Ен-Ен. Шапиро додава дека крајниот план на стартапот е повторно да ги доведе овие птици на Маурициус, каде што живееле пред луѓето да ги истребат.
Планот е „многу, многу предизвикувачки“, вели за Гардијан Еван Бирни, заменик-директор на Европската лабораторија за молекуларна биологија која не учествува во овој проект. Покрај тоа што се работи за многу предизвикувачка мисија, компанијата успеа да присобере дополнителни 150 милиони долари за проектот. Според Блумберг, стартапот поради оваа најнова инвестиција проценет е на 1,5 милијарди долари.