Реал загуби (1:0) на гостувањето кај Мајорка во натпреварот од 20. коло на шпанскиот фудбалски шампионат и доживеа тежок удар во борбата за одбрана на шампионската титула. Реал сега заостанува пет бода зад лидерот Барселона и има натпревар помалку.
-Скршени сме. Рано примениот гол и промашениот пенал не уништија. Ќе се бориме за титулата до крај. Се уште не е готово, има уште многу натпревари, изјави тренерот на Реал, Карло Анчелоти.
Неговиот тим имаше само еден удар кон противничкиот гол, тоа беше ударот од пенал на Марко Асенсио.
-Кој реши Асенсио да го изведе пеналот? Јас. Знаеме како оди. Карим Бензема е прв изведувач, Лука Модриќ е втор, а потоа следат Асенсио, Крос, Родриго… Мислевме дека промашениот пенал од Светското првенство може лошо за да влијаеме на Родриго и се одлучивме за Асенсио.