Продолжуваат бесрамните лаги наСДС.
Не прекинува работата на фабриката за лаги на СДС и интензивните пресконференции и постојаното известување на сите можни вести за работата на енергетските капацитети.
Иако ВМРО ДПМНЕ се обидува да ги разобличи лагите и манипулациите со кои секојдневно се обидуваат да не замајуваат, нивното мото е „сто пати кажана лага можеби ќе стане вистина!”
Неколку дена СДС постојано тврди дека на мрежа се сите капацитети, а никој не ги споменува десетиците милиони евра за увоз на јаглен и мазут.
Последната фабрикувана лага на СДС е дека првпат во последните 70 години сите енергетски капацитети се на мрежа и се продаваат ноќни вишоци. Но, ако се направи анализа секогаш при недостаток на електрична енергија купуваме поскапо, а ноќе продаваме поевтино. Економската логика на СДС е загуба.
Нека им одговорат на граѓаните зошто сметките за струја се повисоки, ако се фалеа дека ќе има НАМАЛУВАЊЕ?
Ако навистина сè е толку розово со нивните наочари преку кои гелдаат, зошто не ја укинат енерегетската криза, туку ни држат прес конференции на кои безмилосно лажат!
Како додаток на нивните лаги е и податокот кој ни го пласираат во сметките за електрична енергија дека нè субвенционираат!
Нека одговорат на граѓаните што субвенционираат? Од нашите пари со кои им го полниме буџетот, вбризгуваат пари во АД ЕСМ за да можат да крадат??? Нека се запрашаат кој кого субвенционира?
Одговорот е дека ние граѓаните ги субвенционираме нивните погрешни енергетски политики за да може безмилосно да не крадат!
Единствената вистина е следната:
За првпат во последните 70 години се увезе јаглен за рекордни милионски суми.
За првпат во последните 70 години увозот и потрошувачката на мазут се на рекордно ниво.
За првпат во последните 70 години криминалот и корупцијата во енергетските компании е на највисоко ниво.
За првпат во последните 70 години најнеспособните и и најнеобразовани луѓе се на највисоки раководни позиции во енергетските компании.
За првпат во последните 70 години се извршија набавки на електрична енергија по рекордни цени.
За првпат во последните 70 години некој се фали со производни капацитети, а не изградил ниту еден производствен капацитет.