Захарова: Имам големи сомнежи во адекватноста на градинарот Борел

Официјалната претставничка на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, му посочила на шефот на службата за надворешна политика на ЕУ, Џозеф Борел, дека армиите на земјите-членки на Европската унија веќе подолго време се во Украина.

„Верувам дека на Украина треба да и се помогне на секој можен начин. Имајќи ги предвид околностите (статусот) дека не сме учесници во конфликтот, ќе останеме такви… Да испратиме војници, ќе бевме еден од учесниците во конфликтот, кој, се разбира, не е на агендата и никогаш не била“, рече Борел во интервју за шпански „Паис“, на прашањето дали треба да се испратат авиони во Украина.

Марија Захарова се осврна на зборовите на Борел од интервјуто за весникот Аспан.

“Имам големи сомневања во адекватноста на градинарот Борел“, напишала Захарова на својот канал на Телеграм, пренесува Спутник.

„Армијата на земјите-членки на ЕУ одамна беше испратена во Украина: во форма на инструктори, специјални служби, платеници“, потсети Захарова.

Официјалниот претставник на руското МНР потсети дека „нивното испраќање започна многу пред 2022 година“,пренесе Политика.рс.

Треба да знаете
Последни објави