Претседателот Стево Пендаровски утре ќе биде домаќин на неговата унгарска колешка Каталин Новак, која ќе престојува во официјална посета на земјава.
Според најавите од Кабинетот на шефот на државата, оретседателката на Унгарија ќе биде пречекана на официјална церемонија со највисоки државни и воени почести, по што ќе следува тет-а-тет средба на Пендаровски и Новак и пленарен состанок на делегациите на двете земји.
Новак ќе оствари средби и со претседателот на Собранието Талат Џафери и премиерот Димитар Ковачевски, а заедно со Пендаровски ќе се сретнат и со претставници на младински организации.
Во рамки на посетата, претседателите Пендаровски и Новак ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев црквата „Св. Спас“ во Скопје.