Институциите на системот и покрај сите предизвици, обезбедија достоинствено и гордо се оддаде почит за ликот и делото на македонскиот великан, визионер, револуционер, Гоце Делчев.
Граѓаните и државата не дозволија да се погази придонесот и значењето на Гоце Делчев, не дозволија да се повреди националната гордост и чувства на македонскиот народ, не дозволија злоупотреби за политичките валканици на агентите на хаосот.
Пропаднаа обидите на Мицкоски, Апасиев и ВМРО-ДПМНЕ, заедно со нивните истомисленици од другата страна на границата и бугарското ВМРО, да се случи хаосот на којшто работеа.
Ќе остане запаметено дека лажните патриоти од ВМРО-ДПМНЕ и заложникот на Апасиев, Христијан Мицкоски, се обидоа да го поделат народот, да го извалкаат делото на Делчев и тоа не им успеа.
Сега е важно да продолжиме по вистинскиот, европскиот пат на единство и сплотеност за државните и национални интереси. Само така може да ги оствариме нашите заеднички цели.