Курти го повика Западот да не врши притисок за формирање на Заедницата на српските општини

Премиерот на Косово, Аљбин Курти ги повика западните сили да не вршат притисок врз Приштина да прифати формирање на Заедницата на српски општини. Во интервју за „АП“, Курти рече дека формирањето на ЗСО не е негов приоритет.

Западните сили треба да учат од примерот на Република Српска, која ја водат Србите, а плашејќи се од создавање на слична креација на Косово, тој рече дека Белград го користи создавањето на ЗСО како, како што наведе, оружје против независноста на Косово, пренесува АП.

Курти смета дека ако идејата за етнички засновано здружување на општините се воведе во Западен Балкан, тоа е рецепт за нови конфликти.

Западните сили не треба да вршат притисок врз помалите земји како што е Косово, кои се демократски, тврди тој.

Проблемите меѓу Белград и Приштина можеби се мали и здодевни, но треба да се внимава што се случува во регионот бидејќи, како што оцени, секое погрешно решение на Балканот може и ќе се користи на друго место.

Заемното признавање е централно за секој преговарачки процес, тврди Курти.

Смета дека фокусот треба да се стави на, како што вели подемократска Србија и ослободување од, како што рече, хегемонистичките идеи на Белград.

Курти рече дека владата на Србија треба да ја признае независноста на сите републики на поранешна Југославија за да се „соочи со минатото“ и посочи дека Белград треба повеќе да се сврти кон Европската унија и НАТО, а не кон Русија.

Премиерот на Косово тврди дека, доколку Белград се ослободи од идејата дека Приштина сè уште и припаѓа на Србија, тој „ќе биде многу подемократски, поевропски“.

Курти додаде дека претходните преговори биле, како што оцени, идеологија за решавање на проблемите, дека секое решение станува се покомплицирано, сè помалку остварливо, а јавноста губи интерес.

Тој смета дека новиот предлог за нормализација на односите е добра рамка и платформа за напредок, „што придонесува за надежта за перспективи за идни преговори и договори“.

Треба да знаете
Последни објави