Министерство за одбрана итно испраќа 10.000 ќебиња и 200 санитетски носила 44 лица во Турција

Владата, на предлог на Дирекцијата за заштита и спасување, донесе одлука во санирањето на последиците од земјотресот во Турција да се испратат 40 лица од Дирекцијата за заштита и спасување – припадници на републичките сили за заштита и спасување.

Од Дирекција за заштита и спасување се обезбедува и комплетна специјализирана опрема и материјално – текхнички средства за пребарување и спасување од урнатини, шест возила за транспорт на опремата и луѓето и две противпожарни возила.

Финансиските трошоци за оваа намена ќе се обезбедат од средства на Дирекцијата за заштита и спасување.

Владата, на предлог на Министерството за одбрана, донесе одлука за испраќање хуманитарна помош за заштита и спасување во Република Турција и тоа 10.000 ќебиња и 200 санитетски носила.

Владата, исто така на предлог на Министерството за одбрана, донесе одлука за испраќање тим за заштита и спасување од Министерството за одбрана во Република Турција, за учество во давање помош на Република Турција.

Во санирањето на последиците од земјотрес, се испраќаат вкупно 24 лица припадници на Министерството за одбрана – Армија на Република Северна Македонија, од кои 22 лица од Баталјонот за специјални сили и две лица водачи на службени кучиња, со две кучиња, од Командата за обука и доктрини на Министерството за одбрана.

Финансиските трошоци за оваа намена ќе се обезбедат од сопствените средства на Министерството на одбрана.

Треба да знаете
Последни објави