По силниот земјотрес во југоисточниот дел на Турција, Министерството за надворешни работи, стапи во контакт со македонската амбасада во Анкара и Генералниот Конзулат во Истанбул, кои се во постојана комуникација со надлежните институции на Турција, информираа од Министерството.
„Нашите ДКП-а во Турција се на 24-часовно располагање за сите евентуални прашања, на телефонските броеви: +905394569710 во Анкара, +905456149777 во Истанбул, и + СОС телефонот на МНР во Скопје“, соопшти МНР.
Земјотрес со јачина од 7,8 степени по Рихтер рано утринава ја погоди јужна Турција. Официјалниот број на загинати, според последните информации, низ Турција и Сирија сега е повеќе од 300, а речиси 2.000 се повредени. Во тек е голема спасувачка операција.