Османи со сочувство до Турција: Нашите мисли се со нашите пријатели, ќе сториме сѐ што е во наша можност

„Земјотресот во јужниот дел на Турција претставува огромна трагедија со многу жртви, повредени и материјална штета која го отежнува справувањето со последиците“, напиша на социјалните мрежи, министерот за надворешни работи Бујар Османи.

„Утрово испратив пораки со сочувство до Турција и турскиот народ, преку мојот колега Мевљут Чавушоглу, во кои ја понудив и нашата помош каде што ќе биде потребна, за што веќе се прават подготовки во земјава“, пишува Османи.

Со Турција, како што додава, имаме блиско и долгорочно партнерство кое почива на длабоката поврзаност на народите на двете земји.

„Нашите мисли се со нашите пријатели, браќа и сестри од Турција, и ние ќе сториме сѐ што е во наша можност за да им се најдеме на пријателите во оваа неволја“, додава Османи во напишаното.

Треба да знаете
Последни објави