Бројот на жртвите од земјотресот надмина 1.200 лица

Околу 1.200 лица го загубиле животот како последица од земјотресот кој со јачина од 7,8 степени по Рихтер ја погоди рано утринава јужна Турција. Силниот потрес се почувствувал во поголемиот дел од земјата како и во неколку земји во регионот, вклучувајќи ја и Сирија. Се стравува дека бројот на мртвите во следните часови дополнително ќе расте.

Сеизмологот Стивен Хикс смета дека земјотресот кој утринава ја погоди Турција би можел да биде најсилниот земјотрес во таа држава забележан со инструменти.

На анимацијата може да се види ширењето на сеизмичките бранови по катастрофалниот земјотрес. Него го забележале и сеизмографите низ Европа.

Потресот кој ги погоди Турција и Сирија се почувствувал дури и во Либан и Израел. Епицентарот на земјотресот бил 23 километри источно од Нурдаги, во турската провинција Газијантеп, на длабочина од 24,1 километар.

Треба да знаете
Последни објави