Екипата на Денвер претрпе вистинска катастрофа на гостувањето кај Минесота (98:128) во синоќешниот натпревар од кошаркарската НБА-лигата, на кој настапи без својот најдобар поединец српскиот интеранционалец Никола Јокиќ, но и без уште тројца од стартни играчи од првата петорка. Тренерот Мајк Мелоун реши да го жртвува овој меч, па покрај српскиот ас на одмор ги испрати и Џамал Мареј, Арон Гордон и Кентавиус Калдвел Поуп, со што свесно го загуби дуелот со „волците“. Ентони Едвардс со 20 поени и Деанџело Расел со 18 поени беа најдобри кај Минесота, додека најефикасен кај тимот од Колорадо беше Мајкл Портер јуниор со 22 поени.
Резултати: Шарлот – Орландо 113:119, Индијана – Кливленд 103:122, Мемфис – Торонто 103:106, Њујорк – Филаделфија 108:97, Минесота – Денвер 128:98, Њу Орлеанс – Сакраменто 136:104.