По силниот земјотрес кој го погоди југоисточниот дел на Турција, пистата на аеродромот „Хатај“ буквално е преполовена, пишуваат локалните медиуми.
Земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала ги погоди синоќа Турција и Сирија. Стотици загинати и илјадници луѓе беа повредени во двете земји.
WATCH: The only runway at Hatay Airport in southern Turkey tore open during the earthquake pic.twitter.com/TTykRNBYUQ
— BNO News Live (@BNODesk) February 6, 2023
Бројот на загинати во Турција во моментов е 284, а повредени се 2.323 лица, изјави на прес-конференција потпретседателот Фуат Октај.
Ројтерс јавува дека 70 лица загинале во провинцијата Кахраманмараш, каде што е епицентарот на земјотресот, заедно со 20 лица во Османије, 18 во Шанлиурфа, 14 во Дијарбакир и 13 во Адијаман.
Во Сирија загинаа најмалку 237 лица, а 639 се повредени, јави сириската државна новинска агенција „САНА“, повикувајќи се на официјален претставник на Министерството за здравство.
Вкупниот број на загинати во Турција и Сирија сега е најмалку 521, пренесуваат локалните медиуми.