(Видео) Феномен пред земјотресот во Турција за кој и научниците не знаат зошто се случува

Во исто време кога на југот од Турција имаше силен земјотрес кој според рихтеровата скала бил со интензитет од 7,8 степени на небото се регистрирани невообичаени молскавици. Некои од молскавичните појави се забележуваат и на снимки кои сега се шират по социјалните мрежи.

Феноменот на појавување молскавици за време на потрес се нарекува „светло на потресот“. Геофизичарите не се до крај сигурни зошто се случува оваа појава. Некои сметаат дека молскавиците се појавуваат ако се во близина на голема грешка, додека пак други велата дека тоа е електричен лак предизвикан од потресите на електричните водови.

Погледајте ги снимките од молскавиците кои се појавиле отприлика во исто време кога бил и потресот во Турција.

Треба да знаете
Последни објави