Во Србија без струја останаа 25.220 граѓани, а снежните навеви на места достигнуваат и до 2 метри

Во Србија поради силен ветер и снег на повисоките места дошло до дефект на електричната мрежа при што без струја останале 25.220 жители. Снегот непрекинато паѓа цели 24 часа, пишува Нова.рс.

РТС јавува дека снежните наноси во некои делови, како во селата околу Нова Варош, достигнуваат и до два метри. Патиштата кон Копаоник се проодни.

Одделението за вонредни ситуации на МВР на Србија денеска соопшти дека 564 трафостаници се евидентирани без струја, поради што 25.000 корисници се без струја. На терен екипите за електродистрибуција ги отстрануваат дефектите, а припадниците на полицијата им помагаат на граѓаните и итните служби.

Хидрометеоролошкиот завод на Србија издаде предупредување дека до крајот на денот и утре бурниот северозападен ветер ќе создаде снежни наноси во планинските предели. Најголемата брзина на ветерот денеска ќе изнесува 70 км/ч, а утре претпладне и попладне се очекува брзина на ветерот од 55 км/ч.

Треба да знаете
Последни објави