Некои сеизмолози сметаат дека земјотресот што синоќа ги погоди Турција и Сирија може да биде најсилниот во историјата на Турција, сличен на земјотресот што се случи пред повеќе од 80 години.
Стивен Хикс, сеизмолог од Универзитетскиот колеџ во Лондон, рече дека претходниот најголем земјотрес, исто така со јачина од 7,8 степени, ја погоди североисточна Турција во декември 1939 година, при што загинаа 30.000 луѓе, пренесува „Ројтерс“.
Во јануари 2020 година, земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала го погоди регионот околу Елазиг, град во источна Турција, при што загинаа 41 лице, а над 1.600 беа повредени.
Раид Ахмед, раководител на Сирискиот национален центар за земјотреси, во интервју за државната радио станица изјави дека ова е „најголемиот земјотрес што некогаш бил забележан во историјата на институцијата во која работи“, која е основана во 1995 година.