Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски направи скок од 30 позиции на АТП рејтинг листата по одиграниот турнир во Монастир, Тунис, каде стигна до полуфиналето.
Ивановски на најновата ранг-листа сега се наоѓа на 504. место во светот со 72 поени.
На лидерската позиција е српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, а заднего се се Карлос Алкараз, Стефанос Циципас, Каспер Руд, Андреј Рубљов и Рафаел Надал.