Пендиков отпуштен од болницата во Софија

Христијан Пендиков, секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, кој беше претепан во Охрид, денеска е отпуштен од Воено-медицинската академија во Софија, соопшти болницата. Неговото лекување продолжува во амбулантски услови.

Пендиков беше нападнат на 19 јануари 2023 година во Охрид. На 20 јануари со владиниот авион „Фалкон“ одМакедонија во Бугарија беше пренесен и примен на лекување на Медицинската академија. Кога Пендиков биеше примен во болница, лекарите констатирале бројни повреди на лицето и телото, полифрагментна фрактура на долната вилица, соопшти тогаш Министерството за одбрана.

Пендиков беше опериран од тим на Академијата за медицински науки, предводен од д-р Атанаска Чешмеџиева, раководител на Клиниката за орална хирургија, јавува БТА.

Треба да знаете
Последни објави