Обилни снежни врнежи и ниски температури го парализираа животот во Атина. Училиштата и продавниците се затворени, а вработените во јавните служби и компаниите работат од дома. На факултетите се одложени испитите, а супермаркетите, аптеките и бензинските пумпи ќе работат до 18.00 часот по локално време. Ќе бидат затворени и судовите.
Поради бурата „Барбара“, која ја зафати целата земја и го покри главниот град со снежна покривка, во прекин е сообраќајот на некои главни патишта и на автопатот што ја поврзува Атина со централниот дел на Грција.
Затворени се и некои станици на метрото во близина на меѓународниот аеродром во Атина, а во прекин е и железничкиот сообраќај кон Солун. Властите ги повикаа да не се тргнува на пат освен ако тоа е неопходно. Многу работа имаат и противпожарните служби, извлекувајќи луѓе од автомобилите заглавени во длабок снег.
Ова невреме и студено време се очекува да трае до утре, по што ќе продолжи да се движи кон источните и јужните предели, вклучувајќи го и островот Крит. Обилен снег е ретка појава во Атина, но ова е трета зима по ред екстремни временски прилики да ја погодуваат земјата.