Таравари: Има реални шанси денес или утре да се заврши договорот за влез на Алијансата во Владата

Привршуваат преговорите за распределбата на ресорите помеѓу Владата и Алијансата за Албанците. Ова за „Макфакс“ го потврдува партискиот претседател Арбен Таравари. По дефинирањето на програмските определби, се привршува и со другите отворени прашања.

„Сè уште нема дефинитивна одлука. Има реални шанси денес или утре да се заврши“, вели Таравари за „Макфакс“.

Засега, иако неофицијално, извесно е кои две министерства ќе им припаднат на кадри од Алијансата за Албанците. Тоа се Министерството за здравство, со кое моментно раководи Алтернативата, и Министерството за правда, со кое моментно раководи кадар на СДСМ.

Извесно е дека Таравари и неговата партија ќе добијат и директорски места во повеќе институции.

Треба да знаете
Последни објави