Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се огласи по катастрофалниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што ги погоди јужна Турција, Либан и Сирија.
„Нашите спасувачки екипи веднаш беа испратени во подрачјата погодени од земјотресот. Нашите институции веднаш почнаа со работа. Се надеваме дека заедно ќе ја преживееме оваа катастрофа што е можно поскоро и со најмала можна штета“, порача Ердоган на Твитер.
Според првичните информации, досега загинале најмалку 300 лица, а речиси 2.000 се повредени.