Најновиот документарен серијал на Нетфликс предизвика доста реакции, најмногу поради бизарната приказна… „Милионите на Гинтер“ раскажува за кучето кое наследи 400 милиони долари од својот сопственик.
Описот вели: „Кучето со наследство не е најчудниот дел од оваа приказна. Ексцентричниот сопственик на Гинтер исто така живееше луксузен живот – со постојана придружба налик култ“. Минисеријата има четири епизоди засега.
„Токму кога мислите дека сте виделе сѐ, следниот миг ве очекува уште еден пресврт. Секоја епизода се чувствува како сосем друга приказна, заплет и тема“, „Се чувствувам непочитувано како човечко суштество кога гледам“, „Не им верувам на очиве – како функционира оваа планета, кога гледам вакви работи“ – гласат дел од коментарите.
Скоро сите се согласуваат за едно нешто – приказната на овој документарец е прилично бизарна. си/