Денес 06.02.2023 година (понеделник), градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски беше во посета на ЈКП Гази Баба каде имаше средба со вработените.
Повод за средбата, беше одлуката за покачување на платите на вработените и сезонските работници во ЈКП Гази Баба.
За посетата, градоначалникот Стефковски објави на својата официјална страна на фејсбук во која напиша:
Повисоки плати за вработените и сезонските работници во ЈКП Гази Баба од овој месец!
По втор пат во само една година од мојот мандат ги покачуваме платите на вработените и сезонските работници во ЈКП Гази Баба.
Денес бев во посета на ЈКП Гази Баба каде имав средба со вработените и дел од сезонските вработени, како и со директорот Игор Атанасовски.
Вработените и сезонските работници во ЈКП Гази Баба се луѓето кои се секогаш и секаде, при секакви прилики да делуваат во интерес на граѓаните.
Комуналната хигиена во општината е еден од важните сегменти во секојдневното функционирање на општината.
Се додека граѓаните се задоволни од работата, мојата поддршка и трендот на зголемување на платите во ЈКП Гази Баба ќе продолжи, бидејќи ние сме тука за граѓаните, напиша Стефковски.