Уште едно сценарио на Мицкоски и Апасиев пропадна, не успеа планот за инциденти


Пропадна уште едно сценарио на ВМРО-ДПМНЕ и Левица од една и бугарското ВМРО од друга страна, за создавање тензии, конфликти и хаос.

Државата, институциите, Министерството за внатрешни работи со одговорен ефикасен и професионален однос не дозволи да се случат инциденти.

Јавната безбедност беше зачувана на високо ниво, не се дозволија ескалации и загрозување на јавниот ред и мир, а чествувањето на 151 година од раѓањето, на македонскиот великан, визионер, револуционер, Гоце Делчев, се одвиваше мирно и достоинствено.

Затоа заложникот на Димитар Апасиев, Христијан Мицкоски е во очај и разочаран, бидејќи навремено беше спречен неговиот план за предизвикување инциденти.

Треба да знаете
Последни објави