Хрватски голман за земјотресот во Турција: Беше ужасно, не паднаа само подобро направените облакодери

Поранешниот голман на фудбалската репрезентацијата на Хрватска, Марио Галиновиќ (46 години), подолго време работи во турскиот град Газиантеп, кој утринава беше погоден од катастрофален земјотрес со јачина од 7,7 степено според рихтеровата скала. Во разорниот земјотрес, кој рано утрината го погоди пограничното подрачје меѓу Турција и Сирија, загинаа над 600 лица, а повеќе од 2.600 се повредени.

Галиновиќ буквално од епицентарот сведочи за ужасот со кој се соочил со сопругата.

-Голема катастрофа. Не можам ниту да опишам колку сме шокирани, еве три часа подоцна седам со сопругата во автомобилот, чекаме сѐ да престане. По големиот потрес, имаше уште еден малку послаб. Ситуацијата е ужасна, раскажува за ужасот Галиновиќ, за „Вечерњи лист“.

Според хрватскиот државјанин најсилниот потрес траел дури минута ипол.

-Можете да замислите како сѐ се тресеше. Брзо истрчавме надвор, чекавме зад нашиот облакодер за да се смири потресот. Преживеаја само облакодерите и тоа тие подобро направени, додава Хрватот.

Галиновиќ кариерата ја почна во Осијек, а бранеше и за Камен Инград, Панатинаикос, Кавала и за Керкира.

Треба да знаете
Последни објави