Гумен чамец со мигранти потона кај Лезбос – најмалку тројца мртви, се трага по десет лица

Крајбрежната стража на Грција соопшти дека гумен чамец со мигранти потонал во близина на островот Лезбос.Во несреќата се удавија најмалку тројца мигранти, а по повеќе од 10 се трага.

Крајбрежната стража спасила 19 лица, а најмалку 10 мигранти се пренесени во болница.

Според изјавите на преживеаните, во чамецот што пловел од Турција имало 41 лице.

Според соопштението на крајбрежната стража на Грција, спасувачката операција почнала во раните утрински часови кога на карпите во близина на брегот на Лезбос бил забележан гумен чамец, пренесува „Ројтерс“.

Државната телевизија ЕРТ објави дека мигрантите се по потекло од Сирија, Јемен и Сомалија.

Пред два дена четворица мигранти загинаа во Егејското Море кога на 5 февруари нивниот чамец заринка на брегот на островот Лерос.

Треба да знаете
Последни објави