Ал Хилал го шокираше Фламенго за финале на Светското клупско првенство 

Фудбалерите на Саудиска Ал Хилал се пласираа во финалето на Светското клупско првенство на ФИФА победувајќи го јужноамериканскиот шампион Фламенго од Бразил во полуфиналето во Тангер, Мароко, со 3-2.
Саудијците го изненадија фаворизираниот Фламенго и станаа првиот саудиски клуб во историјата кој стигнал до финалето, каде го чекаат подобриот од дуелот помеѓу Реал Мадрид и Ал Ахли.

Ал Хилал сосема заслужено дојде до победата која ја најави уште во 4. минута со гол од пенал. Пеналот во гол го претвори најдобриот саудиски играч Салем Ал Даусари кој со прекрасен гол ја совлада Аргентина на Светското првенство во Катар.Фламенго израмни со голот на Педро во 20. минута.

Но, Ал Дасари со втор гол од пенал дури во 9. минута од судиското продолжение на првото полувреме донесе предност за Ал Хилал од 2-1.
Во второто полувреме, Вието во 70. минута донесе и 3-1 за Ал Хилал, за да Педро во 91. минута само го ублажи поразот.

Ал Хилал го предводи Аргентинецот Дијаз, а покрај Вието ги има и Бразилецот Микеал, Нигериецот Игало, Перуанецот Кариљо, Малиецот Марега и Колумбиецот Куелар.
Фламенго стана само шестиот победник на Копа Либертадорес кој бил поразен во полуфиналето.

Во претходните изданија на СП за клубови на ФИФА славеа само клубови од Европа и Јужна Америка.

Треба да знаете
Последни објави