Јужниот дел на Турција вчера беше погоден од страшен земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, а само еден час подоцна следеше уште еден земјотрес со јачина од 6,7 степени.
Земјотресот предизвика големи разурнувања и во соседна Сирија, а според последните проценки, бројот на загинати надмина 4.300.
Шефот на турската канцеларија за Блискиот Исток, Реџеп Сојлу, на Твитер објави дека постои широко незадоволство и гнев меѓу жителите на Хатај поради недостигот на тимови за одговор при итни случаи.
Тој изјави дека аеродромот е оштетен, дека се урнати патиштата кои водат кон градот, а по земјотресот се урива и зградата на агенцијата за справување со катастрофи.
Тој објави и слика од уништениот пат меѓу градовите Газиантеп и Адана.
The road between Gaziantep and Adana appears to have completely collapsed #TurkeyQuake pic.twitter.com/d1P40tSBdd
— Ragıp Soylu (@ragipsoylu) February 7, 2023
Временските услови и обемот на катастрофата ги отежнуваат спасувачките операции во погодените области, изјави турскиот министер за здравство Фахретин Коџа, говорејќи вчера на прес-конференција.
„Нашите хеликоптери денеска не можеа да полетаат поради временските услови. Неодамна снежно невреме зафати делови од Турција и Сирија, а температурите под нулата се предвидуваа за следните неколку дена.
Во подрачјата погодени од земјотресот досега пристигнале најмалку 2.256 лица од Итна медицинска помош, соопшти министерот за здравство.
Најмалку 602 амбулантни возила и два медицински авиони се испратени од соседните градови. Исто така, испратени се 187 екипи на Турскиот национален медицински спасувачки тим (УМКЕ).