(Видео) Се урна авион за гаснење пожари, пилотите преживеаа

Авион од типот  Боинг 737- 300 се урнал во Западна Австралија, пренесуваат тамошните медиуми.
Како што се наведува во информациијата станува збор за авион кој бил ангажиран во гаснење пожар. Во авионот „боинг 737-300“ се наоѓале двајца членови на екипажот. Авионот летал над националниот парк Фицџералд, а се урнал во шумата меѓу Равенсторп и Хопетун, објави порталот AIRLive.

Двајцата пилоти ја преживеале несреќата и успеале да се ослободат од урнатините, но се здобиле со полесни повреди, соопшти локалната полиција.

Треба да знаете
Последни објави